Мени

Се дигитализираат земјоделските парцели

13.04.2013 07:59 | KumanovoNews

 Од Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството објаснуваат дека земјоделците за да добиваат субвенции во иднина ќе мора дигитално да ги исцртаат своите парцели.

Се дигитализираат земјоделските парцели

На ваков начин државата ќе има прегледност на обработливото земјиште и ќе се спречи злоупотреба на субвенции. Од земјоделската парцела ќе бидат исклучени куќите, шумите и патиштата, односно површина која не се обработува. Податоците откако еднаш ќе бидат внесени во системот, ќе се корегираат само кога ќе има измени.

Половина од вкупниот буџет на ЕУ се троши за земјоделски политики и затоа сите земји членки и кандидатки за влез во унијата мора да спроведат контрола и субвенциите да се исплаќаат за земјиште кое тековно се обработува.