Мени

Се е подготвено за новогодишниот спектакл

31.12.2012 10:43 | KumanovoNews

 Од Општина Куманово тврдат дека се е подготвено за прославата на Новата година на Градскиот плоштад, со балканските ѕвезди Бојан Бјелиќ и Даниела Мартиновиќ. Програмата ќе започне во 21 часот.

Се е подготвено за новогодишниот спектакл

Ќе имаме програма од 45 минути од нашите етнички заедници. Ќе има музика претходно како вовед. Во 22 часот ќе настапи Бојан  Бјелиќ, а веќе во 23 часот ќе пее познатата хрватска пејачка Даниела Мартиновиќ. Во 24 ќе биде традиционалниот огномет, а потоа градоначалникот Зоран Дамјановски ќе им ја честита Новата година на граѓаните. Во рамки на она што се вика организирана прослава активности ќе има до 1 часот по полноќ. Досега времето ни е во прилог, добро е, навечер ќе биде поладно. Имаме добра понуда и секој може да си се најде во музичките збиднувања. Ја користам приликата да ја честитам 2013 година, да посакам здравје, среќа да ги следи граѓаните во текот на целата година и животот воопшто - изјави Нино Величковски, директор на Фондацијата за спорт и култура при Општина Куманово.

За седум години колку што се организира дочек на Градскиот плоштад во Куманово продефилирале околу 20 врвни музички имиња.