Се е подготвено за палење на бадниковиот огин
06.01.2013 13:22
| KumanovoNews
На Градскиот плоштад во Куманово, напладне беа поставени дрвата за бадниковиот огин. Заради безбедност на граѓаните, просторот е ограден со решетки.
Организиратор на палење на Баниковиот огин е СДСМ, а манифестацијата ќе започне во 21 часот. На посетителите ќе се поделат лепчиња со парика, топла ракија и овошје. Граѓаните ќе ги забавуваат кумановски пејачи и неколку дувачки оркестри од Штип. Програмата ќе трае околу 2 часа, а на присутните ќе им се обрати претседателката на СДСМ и градоначалникот.