Мени

Се гради нов објект за трансфузиологија

22.03.2014 10:02 | KumanovoNews

Стариот објект на трансфузиологија во кругот на Општа болница Куманово е срушен до темел и на негово место се гради  нов објект кој треба да биде готов за 3 месеци.

Се гради нов објект за трансфузиологија

Во меѓувреме персоналот од ова одделение работи во Ургентен центар.

Куманово ќе добие убав објект кој ќе има подобри услови за пациентите, крводарителите и лекарите. Се гради на иста основа, новата зграда ќе биде со иста површина, но ќе има поинаков распоред на простории. Објектот кој беше срушен беше стар околу 6 деценции - вели вработен на трансфузиологија.

По изградба на новиот објект се очекува и добивање на современа опрема од ресорното министерство.