Мени

Се намалува бројот на пожари

29.08.2013 12:41 | KumanovoNews

Последниве денови Противпожарната единица Куманово бележи 1 до 2 интервенции дневно, за разлика од претходната седмица кога гаснеа 5 до 8 пожари дневно.

Се намалува бројот на пожари

Бројот на пожари е немален. Имаше една интервенција на стрниште во село Романовце. Немаше некој поголем пожар, се работи тековно, а оние пожари кои се регистрирани се предизвикани од палење на стрништа и сува трева - вели Дејан Илиевски, командир на Противпожарна единица Куманово.

Илиевски објаснува дека дождот кој падна деновиве ја ублажи состојбата и придонесе за намалување на бројот на пожари.