Се намалува рибниот фонд во реките?
Со покачување на температурите водостојот на реките се намалува, a зачестено е рибарење со мрежи што доведува до намалување на рибниот фонд, велат од Спорстко риболовно друштво “Пчиња“.
Ние имаме вработени двајца рибочувари и тие контролираат на терен дали има рибарење со недозволени средства, со мрежи и динамит. За разлика од порано ловење риба со динамит е намалено, меѓутоа ловењето со мрежи иако не е дозволено е присутно. Го контролираме делот од граница од Пелинце, па се до кумановското Ново Село кое се наоѓа после селата Пчиња и Студена Бара. До тука е нашиот реон. Оние кои ќе бидат фатени со мрежи им се поднесуваат пријави, а казните се ригорозни - вели Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња“.
Тој објаснува дека наесен кога водостојот ќе се зголеми ќе направат акција за порибување.