Мени

Се очекува двојно побогата реколта од лани

14.06.2013 09:39 | KumanovoNews

 Оваа година житариците ќе дадат двојно побогат род за разлика од лани кога имаше голема суша, велат земјоделците.

Се очекува двојно побогата реколта од лани

Јачменот ќе има за 50 отсто подобар род од лани, а пченицата сега е во фаза на полнење на зрното, но и за неа очекуваме добра реколта. Дождот кој наврна овие денови ќе донесе бериќет. Имаше и град, но проследен со дожд тој не направи штети. Земјоделците знаат дека поопасен е сувиот град - рече Стојко Ивановски, секретар во Здружение на земјоделски производители Куманово.

Според временската прогноза, следните денови ќе има зголемување на температурите, а од следната недела се очекува да почне жетвата во кумановско.