Мени

Се очекуваат нови поплави?

14.03.2013 09:10 | KumanovoNews

 Според временската прогноза во наредните три дена се очекуваат врнежи од дожд во Кумановои. Oд Центарот за управување со кризи велат дека сите надлежни органи се известени за оваа состојба и се подготвуваат за евентуални нови поплави.

Се очекуваат нови поплави?

Ние како регионален Центар за управување со кризи ги известивме општините, Дирекцијата за заштита и спасување да бидат подготвени при евентуални пообилни врнежи. Тие треба да се подготвени со механизација да интервенираат, бидејќи знаеме дека уште не се вратила состојбата во нормала од последните поплави. Минатиот пат направени беа насипи на критичните точки, ние сме ги известиле надлежните кои се тие критични места каде може да дојде до излевање на речните корита. Чистени беа деловите покрај мостовите каде имаше наноси од реките - велат од ЦУК.

Утре и задутре времето ќе биде дождливо и ќе има мало заладување. Дневните температури ќе се движат околу 8, односно 6 Целзиусови степени во сабота. Мало разведрување ќе има во недела.