Се одбележува Денот за помош на лицата со попреченост
30.11.2012 11:12
| KumanovoNews
По повод 3 декември - Меѓународен ден на лицата со попреченост, паралелки од ОУ “Браќа Миладиновци“ организираат повеќе манифестации за да ја запознаат јавноста со потребите на овие луѓе.
Денеска се оддржува работилница со ученици со посебни потреби, а во понеделник ќе има приредба и презентација.
Во вторник ќе се организира трибина на тема “Потреба од отварање на продолжен престој како организиран начин на работа во посебните паралелки во ОУ “Браќа Миладиновци“.
Овие настани треба да ги потсетат надлежните дека на овие ученици им треба целодневен престој.