Мени

Се одбележува Детската недела

03.10.2011 11:29 | KumanovoNews

 "Борете се за децата" е мотото под кое се одбележува годинешнава детска недела. Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска, организираше свечен прием за децата и за преставниците од Здружението за грижи и воспитување на децата.

Се одбележува Детската недела

"Со повеќе активности се одбележува неделата на детето во општина Куманово.Учениците ќе организираат ликовни работилници, поетски читања,а за првачињата во сите училишта ќе се организира свечен прием во детската организација" - вели Виолета Стошевска претседалка на здружение за грижи и воспитување.

Градоначалникот Зоран Дамјановски, ги информираше децата и учителките дека во тек се неколку проекти за подобрување на условите за одвивање на воспитно-образованиот процес во градот.

"Општината одвојува значителни средства од буџетот за подобрувњање на инфраструктирните услови во училиштата. Сепак,најзначајни проекти наменети токму за учениците се спортската сала во  средното "Перо Наков,"како и во ОУ Х.Т.„Карпош", изградба на атлетската патека во техничкото училиште "Наце Буѓони" - вели градоначалникот Дамјановски.

Во градинките и основните училишта се организираат повеќе активности, приредби, маскенбали, промоција на литерура за деца. Македонија, како и останатите земји кои се потписнички на одлуката за одбележување на детската недела во првата полна седмица од октомври, донесена од Обединетите Нации се вклучува со свои активности, преку различни здруженија и организации.