Се оддржа општински натпревар по математика
Во основното училиште “Христијан Карпош“ се оддржа општински натпревар по математика на кој учествуваа 180 ученици од сите основни училишта од градот.
Најдобрите 80 ученици ќе ја претставуваат општината на регионален натпревар на 3 мај што ќе се оддржи во основното училиште “Толи Зордумис“.
- Учествуваа вкупно 158 натпреварувачи, ученици од 4 до 8 одделение на македонски и албански наставен јазик. Колку од нив ќе учествуваат на регионалниот натпревар зависи од постигањата на учениците и од другите општини. Учество на регионалниот натпревар обезбедија сите училишта од општината - вели Даниела Стојановска, професор по математика.
Натпреварите по математика ги реализира Сојузот на математичари на Македонија со акредитираните професори за секоја општина.
(фото архива)