Се оддржува натпреварот “Детски семафор“
Екипи од основните училишта од Општина Куманово и Општина Липково се натпреваруваат денеска на “Детски семафор“ во основното училиште “Толи Зордумис“.
Учениците решаваа тестови и се натпреваруваат во вешто возење на велосипед.
Екипите ги сочинуваат по шест деца, инаку имаме 12 екипи оваа година за општинските натпревари од кои 3 од Општина Липково и другите 9 се од Општина Куманово. Натпреварот се одвива во два дела, теоретско полагање на тестови за познавање на правила и прописи и вешто возење на велосипед на полигон согласно пропозициите на Републичкиот совет за безбедност на патишта и во согласност со натпреварувањето за деца - изјави Виолета Богдановска од отсек за превенција во СВР Куманово.
Натпреварот го организира СВР Куманово во соработка со Општински сојуз за безбедност во сообраќајот.
Најдобрите 3 екипи од општинскиот ќе учествуваат на регионален натпревар кој ќе се оддржи до крајот на април, а победниците од регионален ќе одта на државен натпревар во мај во Скопје.
„Детски семафор“ е традиционален натпревар кој се оддржува веќе пет децении.