Мени

Се одржа “Нека биде чисто“

26.07.2014 11:46 | KumanovoNews

На градскиот плоштад синоќа се одржа настанот “Нека биде чисто“ во организација на Центарот за меѓукултурен дијалог.

Се одржа “Нека биде чисто“

Настанот е со цел да се подигне еколошката свест на граѓаните, а иницијативата за негово организирање е на француската волонтерка Клеманс Делмот. Таа живее во Лил и при доаѓањето во Куманово забележала дека градот е валкан и смета дека граѓаните треба да го сменат однесувањето.

Кога дојдов видов дека има канти за отпадоци, но луѓето јадат и отпадоците ги фрлаат на земја. Имаме и прашалник за тоа колку години се потребни за да се распаднат цигарите кои тие самите ги фрлаат. За несреќа тоа се една до две години. Ќе одиме етапа по етапа и треба нешто да се смени во свеста на луѓето, да има резултати. Кај нас во Лил младите  многу внимаваат и си го сакаат својот град - вели Клеманс Делмот.

Таа останува тука се до септември и се надева дека нејзината акција ќе помогнe Куманово да биде почиsт град во иднина.