Се подигаат овоштарници со модри сливи
Во кумановско се подигнати неколку овоштарници со модри сливи во последнава година поради субвенциите кои ги дава државата.
Поголеми насади со модри сливи има во селата Габреш и Горно Којнаре.
Овоштарникот е подигнат во март. Имам засадено еден хектар површина со 300 дрвца модри сливи во Габреш. Се решив бидејќи не сакам нивата да стои ледина. Ова ни е прва година како сливите се засадени и планираме родот да го користиме за свои потреби и да продаваме. Одиме таму за викенди, преку недела зависно како има потреба. Ако се биде во ред, ако има род, ако е исплатливо ќе ги зголемиме површините под модри сливи - рече Славица Митрушевска, сопственик на овоштарник со модри сливи.
Првата година насадите со модри сливи се субвенционирани со 28.000 денари по хектар, а по 2 години се добиваат и парични средства за оддржување на овошките.