Се поправа главната улица во Иго Тричковиќ
14.10.2011 10:11
| KumanovoNews
Екипи на приватното претпријатие „Хуљуси комерц„, работат на реконструкција на улицата „400„ во населбата Иго Тричковиќ.
Градежните работи се во тек и се работи на проширување на сообраќајницата, по што ќе стави асфалтен слој. Улицата е во должина од 910 метри, а чини 15 милиони денари. Граѓаните велат дека таа е од витално значење за жителите од оваа населба и соседната Тромеѓа, бидејки поради големата фрекфенција на возила и пешаци често се случуваат сообраќајни незгоди, а кога ќе падне дожд и снег во дупките од улицата ги кршат колите.