Мени

Се поставаат тротоари во Пуковско

06.12.2012 15:50 | KumanovoNews

 На улица “400“ во населбата Иго Тричковиќ се асфалтира патека за пешаци.Градоначалникот денеска ја посети населбата за да види како се одвиваат градежните работи и до каде е изградбата на тротоарите.

Се поставаат тротоари во Пуковско

-  Работата е при крај, а е дел од проектот за целосно завршување на оваа сообрачајница. Се асфалтира површина од околу 2000 метри квадратни, на која прво е направена подлога и денеска завршува асфалтирање. Цената на овој проект е околу 3 милиони денари. Многу е важно тука да се постават тротоари, бидејќи се движат учениците од подрачното училиште “Христијан Тодоровски - Карпош“, едно од ретките училишта во Куманово каде имаме интензивен раст на запишување на деца од прво до четврто одделение  - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Жителите на населба Иго Тричковиќ велат дека оваа улица е една од најфреквентните, и дека тротоарот е неопходен заради безбедност на пешаците.

- Голема благодарност до градоначалникот и локалната самоуправа кои се сетија на овој народ и направија една многу убава работа, тротоари. Се заблагодарувам во име на месното население - рече Светозар Стефановски, претседател на месна заедница.