Се реконструира уличното осветлување во Куманово
Почна реконструкцијата на уличното осветлување во Куманово за што ќе бидат потрошени 14 милиони денари од општинскиот буџет.
Деновиве се работи на реконструкција на уличното осветлување на булеварите “Октомвриска револуција“, “Трета МУБ“, улиците “11 октомври“, “11 ноември“, “Гоце Делчев“ и “Бајрам Шабани“.
Од почетокот на оваа недела интензивно се работи на реконструкција на уличното осветлување во централното градско подрачје. Претпријатието започна со интензивна реконструкција на уличното осветлување, веднаш по потпишувањето на тендерот со приватна кумановска компанија"- кажа Фадиљ Шабани, директор на “Куманово - паркинг“.
Од утре започнува и реконструкцијата на јавното осветлување во населбите Долно Којнаре, "Иго Тричковиќ" и село Тромеѓа.