Мени

Се реновира крстилницата во Стара црква

05.02.2014 12:02 | KumanovoNews

Старата крстилницата во црквата “Свети Никола“ која извесен период не се користеше сега се реновира.

Се реновира крстилницата во Стара црква

Уреден е внатрешниот дел за потребите на кршевањето, а наскоро ќе се интервенира и на надворешниот дел на објектот и покривот. Старата крстилница е повторно во функција откако во новиот објект е сместена резиденцијата на новио владика Кумановско -осоговски Јосиф Лешочки.

Од Кумановско - осоговска епархија најавуваат повеќе зафати и на црквите во градот.

 Старата црква ќе се доукрасува, а во новата црква “Света Троица“ќе бидат нанесувани фрески на празните места каде што имало претходно фрески. Манастирот “Свети Ѓорѓи“ спроти гробиштата веќе 20 години како е во фаза на карабина, сега веќе е покриен и со божја помош очекуваме оваа година да се заврши - вели отец Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумановско - осоговска епархија.