Мени

Се реновира покривот на ОУ “Браќа Миладиновци“

03.12.2013 09:05 | KumanovoNews

Во тек е реновирањето на покривот на основното училиште “Браќа Миладиновци“ во делот до театарот каде настава изведуваат учениците од прво одделение.

Се реновира покривот на ОУ “Браќа Миладиновци“

Се ставаат олуци, а останува во текот на оваа недела да почнеме со реновирање на внатрешна и надворешна столарија. За фасадата ќе почекаме да поминат овие студенти денови за да почнеме со нејзино реновирање - вели Марина Манојловска, директорка на училиштето.

Реновирањето чини 200.000 евра, пари обезбедени преку грант од Централна европска банка.

Во последниве две децении ниту едно училиште во градот не добило таков грант за подобрување на условите за работа на учениците.