Се реновира работилница во „Наце Буѓони“
Во средното техничко училиште “Наце Буѓони“ се реновира работилница во која практична настава изведуваат учениците од машинските и електро струки.
Се очекува реновирањето да заврши за најмногу десет дена.
Сменети се прозорците, вратите, подот, ѕидовите, плафонот. Ќе се создадат подобри услови за учениците. Во рамки на проект за меѓуетничка интеграција од УСАИД добивме 20.000 евра и требаше согласно проектот со 10 отсто ние да учествуваме. Си ги изработивме алуминиумските прозорци, а со 30 отсто требаше да учествува општината и тие помогнаа да се направи подот - вели Лидија Михајловска, директор на училиштето.
Оваа работилница е изградена во 1958 година и за првпат претрпува поголеми промени, односно се изведува поголем зафат за нејзино реновирање.