Се реновира Здравствениот дом
07.03.2014 15:17
| KumanovoNews
Во централната зграда на Здравствен дом Куманово, се реновираат санитарните јазли а потоа ќе следи реновирање на подот на третиот кат од објектот каде е сместена администрацијата.
Реновирање има во сите објекти. Комплетно се реновирани сите санитарни јазли. Во Тоде Мендол и во Школска амбуланта се е завршено, останува уште Здравствен дом. По завршување на тие работи предвидено е реновирање на подната подлога на трети кат и дел од покривната конструкција во амбуланта Перо Чичо - рече Миомир Панковски, директор на Здравствен дом Куманово.
За реновирањето установата ќе потроши повеќе од 2.000.000 денари од својот буџет.