Се скарале на Фејсбук се степале во чаршија
02.08.2013 08:22
| KumanovoNews
Двајца малолетни кумановци претепале нивен сограѓанин затоа што предходно се испокарале и се навредувале на социјалните мрежи.
Инцидентот се случил пред неколку дена, спроти Градската болница кога А.Р.(16) и А.В.(15), го пресретнале Х.А.(18) и започнале физички да се пресметуваат со него затоа што им упатувал навредливи зборови на Фејсбук. При тоа го удирале со тупаници по главата и телото.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Р. и А.В. за сторено кривично дело насилство.