Се скарале за мобилен, го пробол со нож
01.02.2013 09:21
| KumanovoNews
Кумановец во неговиот дом се степал со роднина за мобилен телефон, по што го пробол со нож.
Инцидентот се случил во октомври мината година, кога М.М.(28) се скарал со неговиот роднина Н.М.(33) откако не можеле да се договорат за продажба на мобилен телефон. Караницата прераснала во тепачка во која домачинот извадил нож и два пати го пробол Н.М. во десната надлактица. М.М ќе одговара за кривично дело “насилство“.