Се скрши столб на мостот во Пчиња
26.02.2013 14:16
| KumanovoNews
Од надојдената река околу 13 часот, се скршил столб на мостот во Пчиња со што половина село е отсечено.
Се скрши столб, мостот ќе се скруши. Јас уште во 9 часот го известив Центарот за управување со кризи и уште реакција нема. И градоначалникот дојде виде каква е состојбата. Упорно ќе им ѕвонам. Децата рано се пуштени од школо, настава во училиштето немало денеска. Им било страв на наставниците и на родителите да не се сруши мостот. Сега со приколки и трактори ги пренесуваат луѓето преку река - вели Дејан Трендевски, претседател на месна заедница.
Тој објаснува дека над 200 жители се отсечени и не можат да поминат во другиот дел од селото, а луѓето мораат да одат на работа.