Се степал за да не плати паркинг
26.12.2012 14:53
| KumanovoNews
Кумановец нападнал вработен во Куманово-паркинг, затоа што татко му требало да плати за паркинг место.
Пред дестина дена во Куманово на улица „Браќа Рибар“, М.П.(40) откако видел дека на возилото на татко му е ставен метален блокатор сакал физички да се пресмета со службеното лице. Тој одбил да ја плати казната и почнал да ги навредувава вработените. Потоа се обидел насилно да извлече еден од нив од возилото.
М.П ќе одговара за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.