Мени

Се сумираат штетите од поплавите

12.03.2013 15:19 | KumanovoNews

 490 домаќинства поднеле барања за претрпена штета во неодамнешните поплави.

Се сумираат штетите од поплавите

Освен мебел, кујнски апарати, поплавите оштетија многу посеви, пластеници и сточна храна. Општинската комисија на проценка на штетите ја заврши работата на терен, а по обработка на податоците ќе се знае колку чинат штетите предизвикани од излевањето на реките.

 Она на што наидовме е дека има многу земјоделско земјиште, така формиравме седма комисија во која има претставници од Министерство за земјоделство и од Агенција за поттикунавње и развој на земјоделството. Тие ќе обработат околу 80 предмети каде има штета на земјоделски машини, храна, добиток. Сега не очекува сериозна работа. Не би прејудицирал дали штетата ќе биде 5 милиони евра, дали нешто помалку. Има фирми кои доставија барања, како што е за расадник на “Чистота и зеленило“, за “Шумско стопанство“, многу приватни фирми. - изјави Зоран Павловски, претседател на кризен штаб за заштита и спасување при Општина Куманово.

Тој вели дека збирниот извештај мора да помине на Совет на Општина Куманово до 25 април и потоа да се достави до Влада, поточно до Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.

Павловски објаснува дека ги очекува обемна работа која бара професионалност.