Се уредува „НАТО“ раскрсницата
11.07.2011 12:43
| KumanovoNews
Раскрсницата на автопатот во населбата Долно Којнаре што за време на воениот конфликт беше отворена за потребите на возилата на „НАТО“ војниците, деновиве се уредува и проширува.
Оваа раскрсница стана многу фрквентна, поради тоа што е алтернативен влез за градот, а истовремено е и главана артерија за селата Речица и Ваксинце. Бидејќи коловозот е доста оштетен и стеснет, не одговара за потребите на нормален сообраќај одлучивме да го реконстуираме, да изградиме тортоарска лента и одводнување под надвозникот. Наредната година планираме и да го осветлиме влезот за полесна одвивање на сообраќајопт во ноќните часови - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
За проектот ќе се потршат над милион денари.