Мени

Се утврдуваат штетите во поплавените села

07.12.2010 16:34 | KumanovoNews

 Општинскиот кризен штаб за заштита и справување донесе неколку заклучоци со кои се обврза под итно да започне со расчистување на Крива Река и Живуша во селата Довезенце, Јачинце и Бељаковце и да се отстранат критичните точки кои можат да предизвикаат нови излевања на водата.

Се утврдуваат штетите во поплавените села

 Истовремено  Комисијата за проценка ќе ја утврди предизвиканата штета, и треба да достави извештај на првата седница на Советот на Општината за да се обезбеди еднократна помош на најзагрозените семејства.

Од она што го видовме на терен, луѓето се наоѓаат во една безизлезна состојба и општината мора  им помогне во рамки на своите можности. Сите заедно треба да се ангажираме и да се отстранат критичните точки, и при тоа да се исчистат коритата на реките кои се излејаа.На наредната седница на Совет од буџетот ќе одвои сретства за најзагрозените семејства. Треба да ја заборавиме политичката припадност и да делуваме заедно во интерес на граѓаните - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

  Советникот Зоран Колевски од селото Клечовце, побара да се направи насип на реките, и да се затворат вадите од кои се излева водата за да не се предизвикаат нови поплави.Тој побара и да се исчистат коритата од израснатите дрвја, кои при поголем налет на водата се кршат и создаваат брани.  

Состојбата се смирува и водата се повлекува, но поради надоеност на земјата не може да се дејствува и да се започне со расчистување на теренот со градежна механизација. Се надевам дека деновиве ќе се создадат услови по што ќе се реализира проектот- рече Горан Стојковски, раководител на РЦУК.

Денеска на терен излегле и ветеринарни екипи кои го вакцинираат добитокот за да не дојде до појава на заразни болести.

Во поплавите што викендов ги зафатија селата Довезенце, Јачинце и Бељаковце поплавени се осумдесетина куќи, викендички и помошни објекти, стотина хектари обработливо земјиште и урнати се неколку мостови.