Се зголемува бројот на пчеларите
Десетина нови пчелари се зачлениле во здружението на пчелари “Пчела“. Пчеларите се пофалија дека за разлика од лани кога имале осипување на постари пчелари, новите одгледувачи на пчели се млади луѓе.
Имаме десет нови пчелари од кои една е жена, а процесот на зачлечување уште трае. Таа бројка е добра, тоа за нас е надеж. Тоа се млади деца кои завршиле средно училиште или факултет, не се вработени и сакаат да се занимаваат со пчеларство. Членството се движи од 60 до 70 пчелари. Засега пчеларство е дополнително занимање. Може и од пчеларство да се живее само треба да се има 100 сандаци, бидејќи времињата се изменија. Не е како порано, имавме рекордно сушна година. Не падна капка дожд лани и се тоа се одрази на приходите во пчеларството. Новите членови редовни се на предавање, ги едуцираме - вели Бранко Тасевски, претседател на “Пчела“.
Тој објаснува дека при крај на февруари предавање ќе оддржи претседателот на Пчеларски сојуз на Бугарија, Пламен Иванов, а на крај на март доаѓа Верица Милојковиќ од Србија.