Мени

Се зголемува бројот на студенти Роми

02.05.2014 10:34 | KumanovoNews

Над 200 Роми студираат на државните и приватни факултети во државата, а се зголемува и бројот на Роми кои завршуваат средно образование, покажало истражувањето што го направиле неколку невладини организации.

Се зголемува бројот на студенти Роми

Учесниците на работилницата посветена на резултатите од Декада на Ромите, објаснија дека најголем напредок кај ромската популација има на полето на образованието, бидејќи се доделуваат стипендии за средношколци и студенти, а во 13 града ромските деца посетуваат државни градинки. Во поглед на вработувањата, во државната администрација има стотина вработени Роми, а  во локалната администрација нема ниту еден вработен Ром.

Во рамки на Декадата на Ромите најмалку е направено за подобрување на здравството за Ромите.

  - На национално ниво се гледа дека здравството е многу малку опфатено и многу малку се гледаат резултатите. Што се однесува за Општина Куманово има напредок, нешто се работеше за здравство, но здравството не е децентрализирано и така ингеренциите се држат на национално ниво. Ќе видиме на тоа поле како можеме да се активираме и на локално ниво да се работи - рече Ахмет Јашаревски, извршен директор на ДРОМ.

  Тој потенцираше дека многу од ромските живеалишта се дивоградби, повеќе куќи се заведени на еден ист број во ромската населба Средорек и тој проблем во иднина треба да се надмине.