Седумдесет и седма седница на Совет
Советот на Општината Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се повеќе извештаи за работа, но борбата помеѓу власта и опозицијата ќе се води при донесување на буџетот.
Дневен ред:
1. Програма за работа на ЈП ‘‘Водовод‘‘ – Куманово за 2013 година;
2. Финансиски извештај за работа на ЈП ‘‘Пазаришта‘‘ – Куманово за периодот Јули – Септември 2012 година;
3. Програма за работа на ЈП ‘‘Пазаришта‘‘ – Куманово за 2013 година;
4. Работна програма на ЈП ‘‘Куманово - гас‘‘ – Куманово за 2013 година;
5. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП ‘‘Чистота и зеленило‘‘ – Куманово за период Јули – Септември 2012 година;
6. Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2013 – та година;
7. Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2013 -та година;
8. Програма за собирање, транспортирање и депонирање на отпад во Општина Куманово;
9. Извештај за финансиски показатели за период од 01.07 – 30.09.2012 година на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ – Куманово;
10. Програма за работа на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ – Куманово за 2013 година;
11. Програма за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2013 година;
12. Предлог – Оперативна програма на културни манифестации во Општина Куманово за I квартал во 2013 година;
13. Предлог - Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2013 година;
14. Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2013 година;
15. Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2013 година;
16. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2013 година;
17. Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општината Куманово за 2013 година;
18. Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2013 година.