Шеесет слободни места за упис во “Панче Пешев“
25.08.2014 11:02
| KumanovoNews
Шеесет слободни места има во музичкото училиште “Панче Пешев“ за упис во вториот рок кој ќе трае од 1 до 12 септември.
Основен услов за запишување во училиштето е децата да имаат афинитети кон музиката.
“Се потполнува пријава, треба да се донесе извод од матична книга на родени и потврда за примени вакцини. Уписот се врши по пат на приемен испит со што се проверува музикалноста на учениците “ - вели Ивана Андоновска Свилар, директорка на “Панче Пешев“.
Во прво одделение можат да се запишат деца на возраст од 6 до 9 години и тие во второ одделение ќе се одлучат кој инструмент ќе го изучуваат.