Села во Општина Старо Нагоричанe без струја
21.03.2014 08:39
| KumanovoNews
Tри села во Општина Старо Нагоричане и граничниот премин Пелинце се без електрична енергија, поради дефект на мрежата.
Струја денеска немаат жителите на Пелинце, Челопек, Враготурце и граничен премин Пелинце. Од ЕВН Македонија информираат дека дефектот набргу ќе биде отстранет и напојувањето со електрична енергија ќе се нормализира.