Семејството Јовановски остана без кров над глава
Десет дена по големиот пожар во кој изгоре куќата на семејството Јовановски во селото Младо Нагоричане, членовите сеуште не можат да се соземат од претрпениот шок.
Фолк пејачката Тања Јовановска и нејзиниот сопруг, музичарот Младен, останаа без кров на глава, откако во голем пожар изгоре нивната куќа во селото Младо Нагоричане. Пожарот избувнал минатата неделa во 19.30 часот во подрум со дрва, а потоа многу брзо се проширил на целата куќа и го зафатил кровот. Огнената стихија уништила се пред себе што семејството Јовановски го создавало со децении. Во моментот кога избувнал пожарот домаќините биле со гости, кои се обиделе да гаснат и да спасат дел од покуќнината, но безуспешно.
Седевме со гостите, кога забележавме дека нешто гори. Веднаш почнавме да гасиме со вода. Притрачаа и соседите да ни помогнат, но не бевме моќни да се бориме со огнот. Кога пламенто го зафати кровот веќе знаевме дека се е готово. Се бидна за 10 минути. Додека се освестивме што ни се случува, пепел стана сето она што го создававме 10 години. Многу е тешко кога гледаш како се уништува она што си го создавал многу труд и љубов, а немоќен си да го спасиш. Тоа е многу болно и многу тешко. Се ова ми личи на лош сон од кој сакам да се разбудам и се да биде по старо.- со тага вели Тања.
Младата пејачка, која е по потекло од Велес, веќе 8 години е мажена во Младо Нагоричене и гради кариера со нејзиниот сопруг Младен, наставник по музика во основно училиште. И двајцата не можат да се соземат од претрпениот шок. Како музичари велат, дека среќа во несреќа е што, сепак, успеале да ги спасат музичките инструменти, клавијатурата, миксетата и микрофонот.
Ни изгоре мебелот во кујната, трпезаријата, дневната и спалната соба, купатилото, централно греење и сите електрични апарати. Успеавме да ги извадиме само плакарите од ходникот со дел од гардеробата и музичките инструменти со кои се создадовме во изминатите години, а со кои повторно ќе се кренеме на нозе. Матерјалната штета се проценува над 30 илјади евра- вели Младен.
Тања досега има снимано 10 песни, а сите планови што им биле вразани со музиката ќе им пропаднат, како и учеството на фестивалите „Валандово„ и „Спасовден„.
Сега имаме друг приритет. Мораме да изградиме дом за нас и нашето дете. Да се вратиме на нормалниот живот и секојдневните обврски. Јас никогаш не сум одбила да пејам на хуманитарен конецерт и затоа апелирам и се надевам дека сите хумани и добронамерни луѓе ќе ни помогнат. - вели со солзи во очите Тања.
Нивната 6,5 годишна ќеркичка ја пратиле во Велес за да не поминува низ пеколот низ кои поминуваат тие. Останатите членови се сместени кај роднини во соседството, додека да ја реновираат куќата.
Причините за пожарот не се познати, а полицијата извршиле увид на лице место. Семејството не се сомнева дека некој го подметнал пожарот и смета дека се работи за несреќен случај.
Паричната помош за семејството Јовановски може да се уплати на:ж.с.300097022485024, Комерцијална банка.