Мени

Серија земјотреси почувствувани во Куманово

11.02.2011 10:23 | KumanovoNews

 Ноќеска од два часот по полноќ до утрово до 7 часот и 45 минути се регистрирани серија земјотреси со епицентри на околу 60 километри северозападно од Скопје кои потекнуваат од призренското епицентрално подрачје во Косово

Серија земјотреси почувствувани во Куманово

 Шест земјотреси се почувствувани од жителите на места во северозападниот дел на Република Македонија со интензитет од три до пет степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресите се регистрирани од 2 часот и 15 минути до 7 часот и 45 минути и се почувствувани и во Куманово.