Мени

Шест години Kumanovonews

28.04.2014 09:58 | KumanovoNews

Интернет порталот Кумановоњус денеска слави шест години постоење.

Шест години Kumanovonews

Со многу труд и работа во изминатите години успејавме да се наметнеме како сериозно информативно гласило не само во Североисточниот регион, туку и во медиумскиот национален простор. Со нашето појавување, пред 6 години, како прв информативен Портал во регионот предизвикавме пресврт во брзиот и неограничен пристап до информации и комуникации во градот, а со својата професионалност, богата информативна разновидност и медиумска покриеност на сите актуелни настани, за многу кратко време достигнавме огромна читаност, посетеност и доверба кај граѓаните. За нашиот неоспорен квалитет и ексклузивитет зборува фактот што нашите информации ги преземаат и останатите национални веб портали и медиуми. Нас не следат генерации од најразлични возрасти и националности, а се докажува дека секојдневно не читаат и бројните иселеници.

        Kumanovonews и во услови на наплив на нови веб страници, пред се национални и локални, сепак се разликува од другите и зазема значајно место во информативниот простор во државата.

  Почитувани читатели, постоиме и опстојуваме само заради Вас. Без вашата подршка нашата работа не би имала смисла. Благодариме за довербата со надеж дека и во наредниот период ќе останеме доследни на вашите очекувања!

Kumanovonews