Мени

Шест кубици суво лисје се собира дневно

23.11.2012 14:05 | KumanovoNews

Во Куманово од јавните површини секојдневно се полнат по три трактори, односно се собираат шест метри кубни суво лисје.

Шест кубици суво лисје се собира дневно

Вработените во ЈП “Чистота и зеленило“ ги чистат двата парка, Градскиот кеј, плоштадот и дрворедите по улиците.

- Сувото лисје се носи во нашиот расадник кај Градскиот стадион и од него се прави компост, природно ѓубриво кое го користиме за производство на цвеќе. Потребно е да помине период од две години за да се создаде компост. Ангажирани се дваесет луѓе од одделот зеленило, исто и луѓето кои ги метат улиците - велат од ЈП “Чистота и зеленило“.

Од ова претпријатие објаснуваат дека утре ќе ги чистат градските гробишта, и апелираат граѓаните да бидат посовесни и сметот да го фрлаат во корпите и контејнерите.