Шест литри дожд на квадрат наврнаа во кумановско
16.04.2014 07:34
| KumanovoNews
Шест литри дожд на метар квадратен наврнаа во кумановско во последниве 12 часа, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.
Најмногу дожд падна во западните делови на Македонија каде има и појава на снег.
Во Пожаране наврнаа 32 литри дожд на метар квадратен, во Лазарополе 28 литри, во Маврово 22 литри, во Скопје 11 и Крива Паланка 16. Во Охрид утрово имаше 1 цм снег, а во Марово дури 38 цм снег - велат од УХМР.
Врнежливото време продолжува и денеска со дневни температури околу 5 Целзиусови степени.Слично време не очекува утре и задутре со температури до 13 односно 12 степени.