Шест нови апартмани во Домот за стари лица „Зафир Сајто„
22.04.2013 15:08
| KumanovoNews
Шест нови апартмани се изградени во Домот за стари лица „Зафир Сајто„ во Куманово.
Просториите се надградени на првиот кат од постојните објекти. Покрај комплетно уредените апартмани, оспособен е простор за дневен престој со трпезарија. Проектот чини 3,5 милиони денари, обезбедени од сопствени сретства на Домот.
Новите корисници ќе се вселат од почетокот на наредниот месец. Овој простор е наменет за брачни двојки и можат да се сместат 12 лица.-вели директорката Мирјана Атанасовска.
Во Центарот престојуваат 185 стари лица од Куманово, Скопје и источниот дел на државата. Ова е трета надградба на објектот која зафаќа површина од 800 квадрати, бидејќи потребите за сместувачки капацитети во Куманово се големи и има листа на чекање.