Мени

Шестмина кумановци во регистарот на педофили

20.11.2013 15:05 | KumanovoNews

 Во регистарот на педофили се шестмина кумановци кои биле осудувани и издржувале затворски казни заради полов напад врз малолетници под 14 години.

Шестмина кумановци во регистарот на педофили

 Од нив двајца се новорегистрирани од оваа година. Еден од педофилите живее во село, двајца во проградска населба и тројца во центарот на градот. Регистрираните педофили се од различни возрасни групи.

По повод 20 ноември - Светски ден на детето од Првата детска амбасада во светот “Меѓаши“ велат дека за да се спречи насилство врз деца треба сторителите навремено да бидат казнети.

 Доколку сторителите не се казнат истите повторно ќе продолжат со својот модел на однесување. На индиректен начин институциите и тие кои се одговорни да го казнат и спречат таквото однесување всушнот го одобруваат и му даваат поголема моќ на насилникот. Еден ден ваков ден не е доволен за да се заштитат децата од насилство, но е добра можност за да се потсети целокупната јавност за потребата од заштита која ја имаа децата и одговорноста која сите ние ја имаме. - категорични се од “Меѓаши“.

Во земјава бројот на случаи на педофилија и родосквернавење е зголемен, но многу од жртвите не пријавуваат затоа што извршителите најчесто се нивни блиски роднини или пријатели, велат од “Меѓаши“.