Североисточниот регион по европски терк ќе се справува со отпадот
Со грант од Европската Унија, Североисточниот регион до средината на наредната година ќе добие Регионален план за управување со отпад кој ќе го изработат европски експерти.
Планот е законска обврска на сите осум региони во државата, а само кумановскиот и штипскиот поради предходните искуства и активности заслужија проектот да го добијат преку проект на ЕУ во соработка Министерството за животна средина.
Во проектот ќе се направи севкупна анализа за состојбата на отпадот во регионот, количините, начинот на управување, собирање и третирање, по што ќе се направи издржан преокт како ќе се управува со отпадот. Се што ќе се работи понатаму во регионот, дали од општините или на ниво на регионот, како што се планира и најавува горилница за отпад или друг начин за справување со отпадот, мора да биде во согласност со овој регионален план- вели Атина Мургашанска, заменик раководител во СИПР.
Регионалниот план за управување со отпад ќе биде усогласен со сите регулативи на ЕУ во областа на управување со отпад.Главната цел е планот да биде прифатен од ЕУ, меѓутоа и од граѓаните кои ќе можат да го применат.
Главната постројка што ќе се гради ќе биде финасирана преку гранд што ќе го обезбеди ЕУ и затоа сметаме дека овој проект ќе биде голема предност за овој регион за добивање на финасиска помош и бенифит ќе имаат општините и граѓаните. Со ова ќе започне ново време во правилно управување со отпадот и заштитата на животната средина. Важно е луѓето да сватат дека говориме за интегриран и сеопфатен систем за управување со отпад, кој ќе ги покрие сите аспекти: собирање, пренос на отпадот, рецилирање, самото оделеување на отпадот на самото извориште, третман и финално депонирање или одлагање на отпадот во депонија. - вели Теофанис Лолос, лидер на експертите што ќе работат на проектот.
Проектот кој ќе трае 15 месеци, до септемри наредната година а првиот нацрт планот ќе биде готов до крајот на март 2014 година.
По завршувањето на проектот ќе се изготви техничка документација за избраната опција, и со неа ќе се аплицира за финасиски сретства за реализaција на проектот.