Мени

Североисточниот регион со најмлади пациенти во болниците

27.08.2014 12:58 | KumanovoNews

Триесет години е просечната возраст на пациентите кои во  2013 година се лекувале во болниците во нашиот регион.

Североисточниот регион со најмлади пациенти во болниците

Во двете општи болници во североисточниот регион лани поминале над 10.000 пациенти чија просечна старост е 30 години, стои во извештајот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Оваа возраст е најмала споредбено со другите региони. Во полошко просечната возраст на пациентите е 34, во југоисточен 37, југозападен и вардарски 40, скопски 41, источен 42 и пелагониски 45 години.