Мени

Североисточниот регион со нови проекти

20.01.2014 12:09 | KumanovoNews

Центарот за развој на Североисточен плански регион во текот на годината ќе реализира 4 нови проекти за кои доби грант од 50.000 евра од германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ РЕД.

Североисточниот регион со нови проекти

 Со овие сретства ќе изработиме техничка документација за инфраструктура во индустриска зона Речица, техничка документација и студија за туристичка промоција на регионот во Општина Кратово и за два локални патни правци од с.Матејче до с.Лопате и од с.Мождивњак до с.Каврак во Општина Крива Паланка - вели Младен Протиќ, раководител на Центар за развој на североисточен плански регион.

Откако ќе заврши тендерската постапка се очекува во јуни да почне реализацијата на проектите.