Мени

Синдикатот бара повисоки плати за просветарите

27.02.2013 09:24 | KumanovoNews

 Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара преговори со ресорното министерство за потпишување на колективни договори во високото образование  и корегирање на платите за сите во сектор образование.

Синдикатот бара повисоки плати за просветарите

 Трета година како нема никакви корекции во делот на платите во сите сегменти на образованието, поради што Советот на СОНК предлага отпочнување на процес на преговори со МОН околу ова прашање. Советот укажува дека е целосно свесен за економските состојби во државата, како и влијанието на светската економска криза, но изразува убедување дека може да се изнајдат средства од Буџетот на државата, со кои ќе се интервенира во подобрување на социјално - економската состојба на вработените во образованието - се вели во писмото.

Селајдин  Дестани, претседател на Регионалниот просветен синдикат вели дека на 12 јануари годинава е оддржана седница на која е решено да се отворат актуелните прашања и проблеми кои се во надлежност на СОНК.