“Сирма“ нa протест пред Шпанската амбасада
31.01.2014 13:23
| KumanovoNews
Членките на “Сирма“ заедно со другите невладини организации денеска мирно протестираа пред Амбасадата на Шпанија во Скопје против ограничувањето на правото на абортус во Шпанија.
Протестот е со цел да им се даде поддршка на жените во Шпанија, да се борат за правото на легален, слободен и безбеден абортус, по предлог - законот на шпанската Влада да се ограничи правото на абортус во Шпанија. Вакви протести ќе бидат организирани насекаде низ Европа - вели Тања Крстевска, претседател на “Сирма“.
На настанот беше прочитано протестно писмо. Протестот го организираше Националниот совет за родова рамноправност.