“Скаут“ ќе го одбележи Денот на извидништвото
14.02.2013 09:38
| KumanovoNews
Извидничкиот одред “Скаут“ од Куманово ќе учествува во одбележувањето на Денот на извидништвото што на 22 февруари ќе се одржи во Скопје.
Во церемонијалниот дел учество ќе земат десетина наши членови со наш штанд и марш на кој ќе се претставиме,а ќе бидеме во униформи со марами и други извиднички обележја. На сличен начин секоја година го одбележуваме овој датум. Доаѓаат претставници од сите одреди од Македонија. Помладите членови ќе се дружат и ќе учествуваат во неформалниот дел - вели Слаѓан Станковиќ, претседател на “Скаут“.
Овој одред брои 72 члена од кои најголем дел се млади од 15 до 20 години.