Слаб принос на пченица во кумановско
14.08.2014 10:16
| KumanovoNews
Пченицата во кумановско е ожнеана и просечните приноси се 3,5 тона по хектар.
За разлика од лани, оваа година приносите и квалитетот на пченицата се послаби.
Во некои од селата можеби приносот е 4 тони на хектар, но тоа е вистинска реткост. Годинава имаше дождови, а потоа се појавија и штетници и затоа пченицата е со лош квалитет. Земјоделците се жалат дека откуп не се врши и ако така продолжи ќе им остане пченицата складирана во амбарите - рече Стојко Ивановски, секретар во Здружение на земјоделски производители Куманово.
Оваа година временските услови не беа поволни за житните култури и јачменот исто така даде помали приноси од лани.