Шлепери со помош тргнаа кон збратимените градови
20.05.2014 13:12
| KumanovoNews
Четири шлепери со хуманитарна помош од Општина Куманово денеска тргнаа на пат кон збратимените градови Бања Лука, Бјелина, Јагодина и Горњи Милановац.
На загрозените граѓани од поплавите ќе им бидат дистрибуирани вода, сокови, средства за хигиена и ќебиња. До крајот на неделата градоначалникот Зоран Дамјановски заедно со претставници од локалната самоуправа ќе ги посети овие места. Општината со 1,4 милиони денари од буџетот ќе помогне на граѓаните во БИХ и Србија за ублажување на последиците од поплавите кои ги зафатија.


