Мени

Слободни места во сите средни училишта во градот

13.08.2013 12:08 | KumanovoNews

 Во сите средните училишта во градот има слободни места за упис во прва година, на последниот уписен рок што ќе се одржи на 22 август.

Слободни места во сите средни училишта во градот

Во Гимназија “Гоце Делчев“ останаа 33 слободни места за настава на српски јазик и уште 60 места за настава на македонски јазик.

Во СОУ “Перо Наков“ за струката економски техничар за македонски наставен јазик има 35, а за албански јазик 75 слободни места. За техничар за трговија и маркетинг има 52 слободни места за македонски јазик, а за албански 21 место. За правен техничар останаа само 15 слободни места за албански наставен јазик. На македонски јазик за деловен секретар има 26 места, а на албански има 17. За банкарски техничар за во македонски паралелки има 21 слободно место, а за во албански паралелки 25. За конфекциски техничар останаа 32 места на македонски и 6 за албански наставен јазик. За техничари за обувки на  македонски јазик има 34,  а на албански 18 слободни места. За дизајн на облека има само 21 место и тоа на македонски јазик. За конфекционери тригодишно образование само на албански јазик има слободни места и тоа 34.

Во СОУ “Наце Буѓони“ на македонски јазик за техничари за компјутерско управување има 21 место. 17 слободни места има за машинско енергетски техничар на македонски. Електротехничар енергетичар има 30 слободни места. За електротеничари за компјутерска техника и автоматика има 41 празно место. 44 места има за прием на медицински сестри. За тригодишно образование за машински механичар има 17 места.

Од СОУ “Киро Бурназ“ за сите профили останаа слободни места.

Уписот ќе биде на 22 август од 7 до 15 часот, а резултатите ќе бидат истакнати утредената.

Од училиштата објаснуваат дека ако и по овој уписен рок останат празни места, запишување на ученици ќе има се до 1 септември.