Мени

Словенечко искуство во земјоделското училиште

13.04.2011 13:19 | KumanovoNews

 Земјоделско училиште "Киро Бурназ" и средното училиште "Шент Јуре" од Словенија, потпишаа меморандум за соработка. Двете училишта ќе вршат размена на ученици, а ќе работат и на заеднички проекти.

Словенечко искуство во земјоделското училиште

Делегација од четириесет професори од словенечкото училиште, престојувала во Куманово каде се запознале со постоечките ресурси.

"Гостите од Словенија се информираа за начинот на изведувањето на практичната настава кај нас. Ги презентиравме козметичкото студио, лабараторијата, земјоделската обработлива површина, пекарската работилница и фармата" - вели Горан Јовановиќ,директор на училиштето.

Соработката меѓу двете училишта ќе продолжи со заеднички студиски проекти и посета на научни саеми. Земјоделското ушилиште од Куманово,веќе соработува со уште едно средно училиште од Ново Место.

"Искуствата од двете словенечки училишта кои ги применуваат европските стандарди во образовниот процес и кои особено внимание посветуваат на практичната настава се особено значајни за нас како стручно училиште"- додава директорот.

Во "Киро Бурназ" настава посетуваат околу 650 ученици